Хари и Меган ги повикаа луѓето да им помогнат на сограѓаните погодени од пожар
- Во Калифорнија горат неколку големи пожари, од коишто повеќето се вон контрола. Досега, десетици илјади луѓе се евакуирани.
Лос Анџелес, 10 јануари 2025 (МИА) - Меган Маркл и принцот Хари, кои живеат во Монтесито, Калифорнија, САД, ги повикаа луѓето од подрачјата погодени со пожарите, да ги посетат своите соседи и да им помогнат на оние на кои тоа им е потребно. Меган и Хари ја отворија вратата и за нивниот дом којшто вреди 29 милиони долари, за пријателите од Лос Анџелес погодени од пожар, пишува „Дејли мејл“.
Тие, исто така оставија контакт со повеќе добротворни организации, а побараа и луѓето да ги отворат своите домови за лицата погодени од пожарите.
„Доколку некој пријател, член на семејството или домашно милениче треба да се евакуира и може да им понудите засолниште, направете го тоа. Исто така, проверете дали на Вашите соседи со попреченост или постари лица им е потребна помош при евакуација. Некои семејства останаа без ништо. Размислете за донирање облека, детски играчки и предмети за основни потреби. Американскиот Црвен крст е на терен и им помага на оние на кои им е најпотребна помош“, напиша британско-американската двојка на својот интернет-простор.
Официјалните лица до овој миг потврдија најмалку 10 смртни случаи. Се предупредува дека вистинскиот број на жртви ќе остане непознат сѐ дури истражителите безбедно не можат да пристапат до населбите.
Во Калифорнија горат неколку големи пожари, од коишто повеќето се вон контрола. Досега, десетици илјади луѓе се евакуирани. Според тамошните медиуми, и Хари и Меган може да бидат принудени да ја напуштат куќата во којашто живеат со нивните две деца. Имено, сегашната состојба навестува можност да останат без струја во својата палата. Прекинот на снабдувањето влијае на комуникациските мрежи, што го отежнува повикувањето итна помош, доколку таа е потребна. си/
Фото: ЕПА