• петок, 22 ноември 2024

Харден сака да потпише долгорочен договор со Клиперс и да ја заврши кариерата во тимот од Калифорнија

Харден сака да потпише долгорочен договор со Клиперс и да ја заврши кариерата во тимот од Калифорнија

Лос Анџелес, 17 јануари 2024 (МИА) - Џејмс Харден сака да се пензионира како кошаркар на Лос Анџелес клиперс.

Како што изјави инсајдерот Крис Хејнс, ѕвездата на Клиперс, очекува да потпише долгорочен договор со Калифорнијците и да игра за тимот додека не му заврши кариерата во НБА.

Триесет и четиригодишниот Харден ќе стане слободен играч на трансфер пазарот по завршувањето на тековната сезона.

Во октомври, пред да замине од Филаделфија, Харден им призна на новинарите дека „сакал да се пензионира со Сиксерс“, но клупското раководство имале други планови. 

На 35 натпревари во НБА оваа сезона, Џејмс има просек од 16,9 поени, 4,6 скока и 8,4 асистенции по натпревар. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан