• сабота, 06 декември 2025

Хамнеи: Исламската нација никогаш нема да им се предаде на САД

Хамнеи: Исламската нација никогаш нема да им се предаде на САД

Техеран, 28 јуни 2025 (МИА) – Иранскиот врховен лидер, ајатолах Али Хамнеи, денеска преку објава на Х порача дека исламската нација „никогаш нема да им се предаде на Соединетите Американски Држави“.

- Иранскиот народ треба да знае дека причината за конфликтот со Америка е тоа што тие сакаат Иран да капитулира, напиша Хамнеи во објава на фарси јазик, во момент кога десетици илјади луѓе во Техеран присуствуваа на масовниот погреб на 60 лица загинати во неодамнешните израелски напади врз Иран.

Тој додаде дека САД извршиле голема навреда кон иранската нација и оти таков настан никогаш нема да се повтори. јт/

Остани поврзан