Хамес Родригез и официјално во Евертон
- Договорот беше потпишан на две години со можност за продолжување на уште една.
Ливерпул, 7 септември 2020 (МИА) - Колумбискиот фудбалер Хамес Родригез од следната сезона ќе го носи дресот на Евертон.
Овој трансфер беше најавуван претходните денови, а сега пристигна и официјалната потврда од клубот од Ливерпул.
Договорот беше потпишан на две години со можност за продолжување на уште една.
Висината на надоместокот што „карамелите“ ќе им го исплатат на „кралевите“ е 22.000.000 фунти.
Родригез ќе го носи дресот со број 19.
🇨🇴 | It's official... @jamesdrodriguez is a Blue! 🔵#AlóJames pic.twitter.com/hNDsLvtqtT
— Everton (@Everton) September 7, 2020