• сабота, 13 јули 2024

Халки училницата во Зоолошката градина

Халки училницата во Зоолошката градина
Скопје, 26 октомври 2022 (МИА) - Со предавање за подготовка на животните и нивните живеалишта за зимата и за природата како вечна ликовна инспирација, денеска ќе биде пуштена во употреба новата Халки училница на отворено, која се наоѓа во Зоолошката градина во Скопје. Работилниците се наменети за деца од училишна возраст, ментори ќе бидат едукаторите од ЗОО и ликовни уметници, а модератор е Матеа Јанковска, актерка од Театарот за деца и младинци. Серијата работилници се одржува по повод октомври – месецот на штедењето, а организатор е Халкбанк АД Скопје./

Остани поврзан