Халеп суспендирана поради прекршување на антидопинг-правилата
- Поранешниот светски рекет број еден, Романката Симона Халеп е суспендирана поради прекршување на антидопинг-правилата. Ова е објавено на официјалната веб-страница на ITIA (Меѓународна агенциј
Лондон, 22 октомври 2022 (МИА) - Поранешниот светски рекет број еден, Романката Симона Халеп е суспендирана поради прекршување на антидопинг-правилата. Ова е објавено на официјалната веб-страница на ITIA (Меѓународна агенција за интегритет во тенисот).
Во август 2022 година, Халеп даде примерок за допинг-тест за време на УС опен. Нелегалната супстанца роксадатат е пронајдена во примерокот А.
Триесет и едногодишната тенисерка побара да се провери примерок Б, но тоа само го потврди прекршувањето на правилата.
Халеп е победник на 24 турнири под покровителство на ВТА во сингл. Таа исто така го освои Ролан Гарос (2018) и Вимблдон (2019). зс/