• понеделник, 23 декември 2024

Халанд на ревија на „Долче и Габана“ во сино одело и по влечки

Халанд на ревија на „Долче и Габана“ во сино одело и по влечки

Палермо, 13 јули 2023 (МИА) - Ѕвездата на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд присуствуваше на модната ревија на брендот „Долче и Габана“ во областа Пуља во источна Италија, па за таа пригода облече прилично впечатлива комбинација што предизвика бројни коментари.

Норвешкиот фудбалер пристигна на ревијата со својата девојка Изабел Јохансен, а оделото во бледосината боја на неговиот клуб, беше „дополнето“ со бели влечки и очила за сонце. Изабел беше во елегантен жолт фустан. Коментарите под објавата главно не беа позитивни за долгокосиот спортист...

Имено, „сеирџиите“ на интернет го споредија со Џорџа Мелони - веројатно исто толку озборуваната премиерка на Италија, но и со екоактивистката Грета Тунберг, наводно според изгледот.

„Џорџа Мелони малку се сменила“, „Влечки од пазар“, „Костум со влечките на баба “, „Мајка ми ги има истите влечки“, „Непријател на модата“, „Не знаев дека Грета Тунберг има сестра“ - се само дел од шегите за фудбалерот.

Западните медиуми, инаку, пренесуваат дека Ерлинг Халанд потпишал договор со „Долче и Габана“ вреден 2,5 милиони евра и оти тој ќе биде нивното ново лице.  си/паг/

Фото: Твитер

Остани поврзан