• среда, 23 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Халанд би можел да го напушти Манчестер сити во наредните месеци

Халанд би можел да го напушти Манчестер сити во наредните месеци

Манчестер, 8 април 2025 (МИА) - Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд размислува да го напушти клубот, објави „Ел Национал“.

Дваесет и четиригодишниот фудбалер е незадоволен од неодамнешните резултати на тимот, кои би можеле да го натераат да го смени клубот. 

Дури и со договор до 2034 година, на „Граѓаните“ ќе им биде тешко да ја задржат ѕвездата доколку тој конечно реши да си замине.

Ситуацијата на Халанд во Сити ја следат ПСЖ и Баерн кој се заинтересирани за негов ангажман.

Неодамна Халанд заработи повреда на скочниот зглоб на четвртфиналниот натпревар од ФА Купот против Борнмут. Според тренерот Хосеп Гвардиола, напаѓачот ќе пропушти 5-7 недели. 

За Сити оваа сезона Норвежанецот одигра 40 натпревари во сите натпреварувања, постигна 30 голови и четири асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан