Хакими бира меѓу три клуба
- Мароканецот е во сопственост на Реал Мадрид, кој бара најмалку 60 милиони евра за него.
Дортмунд, 14 јуни 2020 (МИА) - Дефанзивецот Ашраф Хакими добил понуди од Баерн (Минхен), Интер и неговиот сегашен клуб Борусија (Дортмунд), пренесува „Онда Черо“.
Мароканецот е во сопственост на Реал Мадрид, кој бара најмалку 60 милиони евра за него.
Во последните две сезони, Хакими игра на позајмица во Дортмунд, претставувајќи се многу успешно. На „Сигнал Идуна Парк“ се подготвени да преговараат за ново отстапување.
Пред извесно време, тренерот на Реал, Зинедин Зидан увери дека дефанзивецот ќе се врати на „Бернабеу“. Сепак, сегашната криза со коронавирусот ќе ги принуди „белите“ да продаваат некого за да имаат финансиски приход.
Клубот веќе има премногу фудбалери. Во моментов, Шпанците испратија уште еден десен бек во Бундеслигата - Алваро Одриосола, кој е во Баерн.