• недела, 24 ноември 2024

Хагари: Израел „не цели кон широка ескалација“ со Хезболах

Хагари: Израел „не цели кон широка ескалација“ со Хезболах

Тел Авив, 20 септември 2024 (МИА) – ИДФ нагласи дека „нема цел“ да ги засили тензиите во регионот откако изврши воздушен напад во Бејрут во кој беше убиен висок командант на Хезболах.

- Не се стремиме кон широка ескалација во регионот. Ние работиме во согласност со дефинираните цели на војната и ќе продолжиме да го правиме тоа, рече портпаролот на ИДФ, контраадмиралот Даниел Хагари.

Воените цели беа ажурирани од израелскиот безбедносен кабинет претходно оваа недела за да го вклучат императивот да се овозможи безбедно враќање на раселените жители на северен Израел во нивните домови, пренесе „Тајмс оф Израел“.

Во меѓувреме, либанското Министерство за здравство соопшти дека бројот на загинати во израелскиот напад на Бејрут се искачи на 14. Спасувачките тимови продолжуваат со потрагата по луѓе под урнатините, се вели во соопштението. јт/

Остани поврзан