• вторник, 05 ноември 2024

Фјури и Вајлдер потешки од првиот меч

Фјури и Вајлдер потешки од првиот меч
Лас Вегас, 22 февруари 2020 (МИА) - Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер поминаа на „кантар“ изминатава ноќ. Двајцата повторно ќе се соочат еден против друг в недела во Лас Вегас. Како што епознато, првата битка меѓу нив не донесе победник. Традиционално, тие беа мерени пред реваншот, а по 15 месеци, двајцата се покажаа потешки од првиот меч. Британецот ќе има предност во однос на тежина. Кантарот покажа дека тежи 123,8 килограми. Ова е 7,4 килограми повеќе од првиот датум. Во исто време, Вајлдер тежи 104,7 килограми пред утрешниот натпревар, што е за 8,3 килограми повеќе од првиот меч. Фјури ќе биде скоро 20 килограми потежок од неговиот ривал во рингот во недела. Сепак, се чини дека ова не му пречи на Вајлдер. - Тоа не е важно во натпреварите кај најтешките. Отсекогаш сум морал да се борам со поголеми од мене, а неговата тежина ќе го направи побавен, смета Вајлдер. Мојата тежина не е проблем,изјави пак Фјури. - Тоа е 123 килограми чисто британско говедо, посочи боксерот. Двајцата беа разделени при мерењето на тежината поради судирите меѓу нив за време на официјалната прес-конференција. Иако беа на неколку чекори еден од друг, тие повторно разменија остри рабови, навреди и средни прсти, дополнително загревајќи ја атмосферата пред утрешниот судир.

Остани поврзан