• петок, 22 ноември 2024

ФЦА: На Британија ќе и се дозволи размена на тргувањето со платформите на ЕУ уште три месеци

ФЦА: На Британија ќе и се дозволи размена на тргувањето со платформите на ЕУ уште три месеци
Лондон, 31 декември 2020 (МИА) - Британскиот берзански регулатор денеска соопшти дека ќе им овозможи на учесниците на пазарот на капитал во Велика Британија да користат платформи во Европската унија за размена на тргувања во следниот период до три месеци, во обид да се избегнат потенцијални нарушувања на пазарот. Како што пренесуваат странските агенции, по конечното повлекување на Велика Британија од ЕУ, вечерва во 23 часот по средноевропско време, учесниците на финансискиот пазар во Велика Британија и ЕУ ќе се соочат со неможноста за меѓусебно тргување со размена. Управата за контрола на финансискиот пазар (ФЦА) соопшти дека привремено ќе им дозволи на британските финансиски фирми да користат платформи во блокот од 27 члена, доколку немаат аранжмани за вршење ваков вид трговија на друго место, на пример во САД. „Ќе разгледаме до 31 март 2021 година дали пазарните или регулаторните движења бараат преиспитување на нашиот пристап“, се наведува во соопштението на ФЦА. паг/

Остани поврзан