• вторник, 02 јули 2024

Фудбалските третолигаши од Истокот го одиграа 14 коло

Фудбалските третолигаши од Истокот го одиграа 14 коло
Делчево, 4 април 2021 (МИА) - Фудбалските третолигаши од источната конкуренција го одиграа 14 коло, по кое дојде до промена на табелата. По победата над Карбинци, Детонит од Радовиш поради подобрата гол разлика ја презеде лидерската позиција на табелата од екипата на Брегалница со која во следното коло се среќаваат во Делчево.
Делчевци по денешното реми со Овче Поле, очекуваат тврд натпревар следната недела и повторно преземање на првото место во Третата фудбалска лига Исток.
-Денес не ја искористивме стопроцентната шанса против Овче Поле, еден од конкурентите за влеза во Втора лига, кои исто така имаа шанси за победа, но задоволни сме од ремито кое се чини е најреален исход на натпреварот. Во следното коло се среќаваме со Детонит. Се надеваме ќе ја искористиме нашата шанса и ќе ја оствариме нашата цел за влез во повисок ранг на натпреварување, истакна Стефан Филиповски од екипата на Брегалница Делчево.
Во останатите натпревари од денешното 14 коло екипата на Малеш загуби од Хоризонт Турново со 2:0, Василево и Чешиново одиграа 3:3, Тиверија ги декласираше Спартмани со 6:1, додека Раклиш славеше кај Работник со 2:0.
Освен екипите на Детонит и Брегалница, шанси за влез во Втората лига Исток, во следните нтпревари ќе бараат и екипите на Хоризнот Турново и Овче Поле кои заостануваат 4 бодови зад водечките екипи. вс/хс/

Остани поврзан