• четврток, 03 октомври 2024

Фудбалерите на Тотенхем ги негираа гласините за незадоволство од работата на Мурињо

Фудбалерите на Тотенхем ги негираа гласините за незадоволство од работата на Мурињо
Лондон, 23 јануари 2020 (МИА) - Голманот на Тотенхем, Уго Лорис и фудбалерот од средниот ред, Сон Хунг Мин, ги демантираа шпекулациите дека играчите не се задоволни од работата на тренерот Жозе Мурињо.
  • Имаме одлична атмосфера. Можам да кажам дека сите играчи се подготвени да се борат за новиот тренер и неговиот стручен штаб, изјави Лорис.
Тоа го потврди и Кореецот.
  • Сите се среќни. Работата оди добро, додаде Сон.
Тотенхем вчеравечер го победи Норвич и ја прекина серијата од четири натпревари без триумф. зс/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан