• вторник, 05 ноември 2024

Фудбалерите на Баерн лути, нивните сопруги и девојки не добија билети за натпреварот со Арсенал

Фудбалерите на Баерн лути, нивните сопруги и девојки не добија билети за натпреварот со Арсенал

Лондон, 9 април 2024 (МИА) - Сопругите и девојките на фудбалерите на Баерн нема да го гледаат во живо вечерашниот натпревар со Арсенал. Ова се должи на казната изречена на Баерн за однесувањето на навивачите. Според „Билд“, играчите на Баерн биле лути поради оваа ситуација.

УЕФА им забрани на навивачите од Минхен да присуствуваат на натпреварот со Арсенал поради неколку инциденти со употреба на пиротехнички средства на трибините. Последен таков пример е натпреварот со Лацио во осминафиналето од Лигата на шампионите.

И покрај забраната за навивачите од Минхен, некои играчи на Баерн беа оптимисти за ситуацијата и мислеа дека нивните сопруги и девојки сепак ќе бидат на стадионот во Лондон, бидејќи тоа е вообичаена пракса.

Сепак, поради казната, Баерн доби минимален број билети за првиот натпревар од четвртфиналето во ЛШ. Тие беа доделени на менаџерите и вработените во клубот, како и членовите на тимот асистенти на Томас Тухел. 

Сопругите и девојките на играчите не добија билети, иако сопругите на Џошуа Кимих и Ерик Дајер веќе отпатуваа во Лондон. Сопругите и девојките на останатите играчи на Баерн останаа во Минхен. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан