ФТ: На претставниците на ЕУ во САД им се дадени уреди за еднократна употреба поради опасноста од шпионажа
- Комесарите и официјалните лица кои ќе присуствуваат на состаноците на ММФ и Светска банка следната недела во Вашингтон добија нови упатства слични на оние за мисиите на ЕУ во Украина и Кина, каде што не е дозволено користење на обични уреди за да се намали ризикот од руски и кинески надзор.

Брисел, 14 април 2025 (МИА) - Европската комисија одлучи на претставниците на мисијата во САД да им подели мобилни телефони и лаптопи за еднократна употреба за да се избегне ризикот од шпионажа, пишува Фајненшл тајмс, повикувајќи се на извори.
Комесарите и официјалните лица кои ќе присуствуваат на состаноците на ММФ и Светска банка следната недела во Вашингтон добија нови упатства слични на оние за мисиите на ЕУ во Украина и Кина, каде што не е дозволено користење на обични уреди за да се намали ризикот од руски и кинески надзор.
Овој потег на ЕК се случи по влошувањето на односите меѓу Европската унија и САД, вклучително и воведувањето на американски тарифи, инсистирањето на американскиот претседател Доналд Трамп Европа да ги зголеми трошоците за одбрана и неговите несогласувања со Украина, како и разговорите меѓу Вашингтон и Москва.сд/
фото:МИА