• сабота, 23 ноември 2024

Фронтот Полисарио жали поради одлуката на САД за Западна Сахара

Фронтот Полисарио жали поради одлуката на САД за Западна Сахара
Тунис, 10 декември 2020 (МИА) - Претставник на движењето Фронт Полисарио изјави дека жали поради одлуката на САД да го признае суверенитетот над Западна Сахара, оценувајќи ја како „чудна, но не и изненадувачка“. - Ова одлука нема ни малку да ја смени реалноста на конфликтот и правото на самоопределување на народот на Западна Сахара, истакна претставникот на Палисарио. Тој додаде дека движењето ќе ја продолжи борбата за незавосност. Израел и Мароко со посредство на САД денеска постигнаа Договор за нормализација на односите, кој предвидува воспоставување на дипломатски и официјални контакти помеѓу двете земји. Неименуван американски дипломати изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп Договорот го постигнал во телефонски разговор со мароканскиот крал Мохамед Шести.Трамп се согласил да го признае суверенитетот на Мароко над Западна Сахара. И Мароко и движењето за независност Фронт Полисарио полагаат право на Западна Сахара, која е признаена од 45 држави. Додека Полисарио има поддршка од Алжир. По примрјето во 1991 година поголемиот дел на Западна Сахара е под контрола на Мароко, додека самопрогласената Сахарска Арапска Демократска Република има контрола само на околу 20 проценти од територијата. Мароко е четврта арапска држава, која во изминатите четири месеци склучи Договор за нормализација на односите со Израел, по Обединети Арапски Емирати,  Бахреин и Судан. ми/

Остани поврзан