• понеделник, 23 декември 2024

Фризери во Велика Британија пријавуваат алергии кај луѓе по Ковид-19

Фризери во Велика Британија пријавуваат алергии кај луѓе по Ковид-19
Лондон, 24 септември 2021 (МИА) - Фризери ширум Велика Британија пријавуваат дека некои од нивните клиенти, кои прележале Ковид-19, имаат нови, сериозни алергиски реакции, како што се осип и црвенило на кожата, по боење на косата, и покрај тоа што ја користеле истата боја како и порано, јавува Би-би-си. Британското здружение за фризери и козметичари ги предупредува сите вработени во овие професии да преземат обврски да спроведат дополнителни епикутан-тестови или тн. печ-тестови, со цел да избегнат можни судски постапки. Епикутан-тест се користи за да се докаже подоцнежна реакција на контактни алергени. Научници од Империјалниот колеџ во Лондон истражуваат дали болеста може „да го репрограмира“ имунолошкиот систем, на сличен начин како некои други болести.  си/јт/

Остани поврзан