• недела, 22 декември 2024

Фридом хаус: Слободата на интернетот опаѓа 12-та година по ред

Фридом хаус: Слободата на интернетот опаѓа 12-та година по ред

Вашингтон, 18 октомври 2022 (МИА) - Веќе 12-та година по ред, слободата на интернетот опаѓа на глобално ниво, се вели во извештајот на Фридом хаус, кој ја гледа причината во влошувањето на условите главно во Русија, но и во Мјанмар, Судан и Либија.

„Руската инвазија врз Украина ја ослабе слободата на интернет не само во Русија и Украина, туку и во целиот свет“, вели Али Фанк, еден од авторите на извештајот.

Нивото на оваа слобода во Русија годинава падна за седум поени - историски пад за државата, особено поради блокирањето веб-страници и социјални мрежи од страна на Кремљ, „кој се обидува да ги цензурира сите дисидентски публикации по повод неговата т.н. специјална воена операција во Украина“.

Сепак, според Али Фанк, ситуацијата во светот „всушност е многу попозитивна од порано“.

Од 70 анкетирани земји, 26 покажуваат напредок - особено Гамбија, која неодамна стави крај на дводецениската диктатура и Зимбабве, која неодамна донесе закон за заштита на податоците.„Во останатиот дел од светот, пак, ситуацијата не е многу розова“, предупредуваат од организацијата. Кина се уште е на дното на рангирањето. паг/

Остани поврзан