• недела, 22 декември 2024

Фридом Хаус: Пандемија поттикнува репресија преку интернет низ целиот свет

Фридом Хаус: Пандемија поттикнува репресија преку интернет низ целиот свет
Вашингтон, 14 октомври 2020 (МИА) – Владите ширум светот ја користат пандемијата како изговор за да го засилат надзорот и подобро да ги сузбијат гласовите на несогласувања преку интернет, се вели во извештај на организацијата за заштита на човекови права Фридом Хаус. Според извештајот, властите во десетици земји ја користеле пандемијата на Ковид-19 „за да ги оправдаат проширените овластувања за надзор и ширење нови технологии кои претходно се сметале за инвазивни“. - Пандемијата ја забрза зависноста на општеството од дигиталната технологија во време кога интернетот станува сè помалку слободен, изјави Мајкл Абрамовиќ, претседател на организацијата чие седиште е во Вашингтон. - Без соодветна заштита на приватноста и владеењето на правото, овие технологии лесно можат да се претворат во алатки за политичка репресија, додаде тој. Фридом Хаус констатира пад на слободата на интернет веќе десетта година по ред врз основа на неговиот индикатор, кој опфаќа 65 земји. Шеста година по ред, Кина е на последното место. Од приближно 3,8 милијарди корисници на интернет, само 20 проценти живеат во земји каде што активностите на интернет се слободни, 32 проценти во земји каде што се „делумно“ слободни и 35 проценти во земји каде што не се слободни, покажуваат индикаторите на организацијата. Во извештајот се констатира забележителен пад во земјите каде властите воведоа прекин на Интернет како Мјанмар, Киргистан, Индија или Руанда. јт/

Остани поврзан