• сабота, 05 октомври 2024

Фридман: Во вторникот губитник беа САД

Фридман: Во вторникот губитник беа САД

Вашингтон, 6 ноември 2020 (МИА) - Американскиот новинар Томас Фридман верува дека Американците, иако сè уште не знаат кој ќе победи на претседателските избори, многу добро знаат кој е губитник: Соединетите Американски Држави.
Во својата статија во „Њујорк Тајмс“, Фридман го опиша четиригодишниот мандат на Доналд Трамп, кој штотуку заврши, како период на најголеми поделби и нечесност во американската историја, „бидејќи беа нападнати два столба на американската демократија: вистината и довербата“.
Тој го критикува Трамп дека не поминал ниту еден ден од мандатот обидувајќи се да биде претседател на сите граѓани, дека ги прекршил правилата и нормите на начин на кој никој друг претседател претходно не се осмелил, дури и во вторникот вечер, кога, како што вели, „изнесе лажни обвинувања за изборни измами и го повика Врховниот суд да интервенира и да го запре гласањето“.
Фридман посочува дека Џо Бајден може да победи со мала разлика во гласовите во неколку клучни места во државата.
Нема да има големо мнозинство кое ќе им каже на Трамп и на оние околу него дека е доволно и одете и не враќајте таква политика на поделба во оваа земја“, пишува Фридман.
Тој на крајот од текстот изразува надеж дека сè ќе биде во ред, дека земјата ќе ги надмине овие тешкотии и дека кој и да победи на овие избори ќе дојде до правилен заклучок дека „едноставно не можеме да продолжиме да се делиме едни со други“.
„Но, сегашната политика и политички систем на оваа земја не сугерираат дека работите ќе се движат до степен и брзина што очајно ни требаат“, се наведува во текстот. паг/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан