• вторник, 05 ноември 2024

Фреди Белери осуден на две години затвор

Фреди Белери осуден на две години затвор

Тирана, 5 март 2024 (МИА) – Специјалниот суд против организиран криминал и корупција во Тирана, попладнево му изрече казна затвор во траење од две години на Фреди Белери, кој беше уапсен два дена пред локалните избори минатата година за „купување гласови“.

Специјалното обвинителство пак за него бараше казна затвор од 2 години и 6 месеци. Што се однесува до другиот обвинет, Фреди Кокавеши, соработник на Белери, СПАК побара две години затвор, но доби четири години условна, бидејќи има здравствени проблеми, како неговото малолетно дете.

Белери, припадник на грчкото малцинство, беше уапсен на 12 мај минатата година, два дена пред локалните избори. Иако во притвор, тој беше реизбран за градоначалник на приморското гратче Химара, главно населено со припадници на грчкото малцинство.

-Ова е политичка одлука, срам за судството. Обвинувањата се смешни, изјавил Белери.

На судската сеанса освен неговите адвокати, присуствувале негови приврзаници, како и претставник на грчката амбасада во Тирана.

Официјална Атина во континуитет бараше ослободување на Белери, обвинувајќи дека станува збор за монтиран политички случај и се закани дека ќе го блокира патот на Албанија во ЕУ, што доведе до заладување на односите меѓу двете земји.

Албанскиот премиер Еди Рама тие барања ги отфрлаше со образложение дека „владата не се меше во правосудството“. вт/сд/

Остани поврзан