• недела, 22 декември 2024

Франческини: Италија е подготвена да го обнови театарот во Мариупол

Франческини: Италија е подготвена да го обнови театарот во Мариупол
Рим, 17 март 2022 (МИА) - Италијанскиот министер за култура Дарио Франческини најави дека Италија е подготвена да го обнови уништениот театар во Мариупол. - Владата … го одобри мојот предлог да ѝ понудам на Украина ресурси и средства за обнова, што е можно поскоро. Театрите во сите земји му припаѓаат на целото човештвото, напиша Франческини на Твитер. Украинскиот претседател Володимир Зеленски исто така на Твитер се заблагодари на Франческини. - Вие дадовте добар пример за следење. Заедно ќе ја обновиме земјата до последната тула, напиша Зеленски. Според украинските власти, театарот бил бомбардиран од руските сили бидејќи голем број луѓе биле засолнети во зградата. ми/

Остани поврзан