• недела, 22 декември 2024

Француските клубови ги истиснаа премиерлигашите од врвот според потрошувачката за трансфери

Француските клубови ги истиснаа премиерлигашите од врвот според потрошувачката за трансфери

 

Цирих, 13 февруари 2024 (МИА) – Француските клубови издвоиле најмногу пари за трансфери во зимскиот преоден рок, со речиси 270 милиони евра потрошени за засилувања, покажува најновиот извештај за меѓународните трансфери што денеска го објави ФИФА.

Ова е за двојно повеќе од вкупниот износ кој француските клубови го потрошиле во јануари 2023 година, а воедно и прв пат од 2017 на чело според потрошувачката да не се екипите од англиската Премиер лига. Англиските клубови оваа зима на трансфери потрошиле 170 милиони евра.

Во спротивната насока, од реализираните трансфери најмногу заработиле бразилските клубови, вкупно околу 233 милиони евра.

Во светски рамки во јануарскиот преоден рок се реализирани 4.716 трансфери во вкупен износ од 1.35 милијарди евра, што е 8.2 отсто помалку во споредба со јануари 2023.

Во женскиот фудбал поставен е нов рекорд со потрошени 1.94 милиони евра во јануари оваа година, што е зголемување за 165.5 отсто во споредба со истиот период лани. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан