• понеделник, 13 мај 2024

Францускиот парламент ќе ја испита сексуалната злоупотреба во киното

Францускиот парламент ќе ја испита сексуалната злоупотреба во киното

Париз, 2 мај 2024 (МИА) - Францускиот парламент денеска се согласи да формира истражна комисија за да ги испита актите на сексуална злоупотреба и напади во киното и другите културни сектори по неколку неодамнешни обвинувања.

Националното собрание, или Долниот дом, едногласно се согласи со предлогот изнесен од актерката Џудит Годреше, која ги обвини режисерите Беноа Жак и Жак Дојон дека сексуално ја нападнале кога била тинејџерка. И двајцата ги отфрлија обвинувањата. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан