• недела, 22 декември 2024

Францускиот новинар Арман Солден убиен во ракетен напад во источна Украина

Францускиот новинар Арман Солден убиен во ракетен напад во источна Украина

Часив Јар, 9 мај 2023 (МИА) – Видео координаторот на агенцијата Франс прес во Украина, Арман Солден, е убиен попладнево во ракетен напад во источна Украина, јавија новинарите на АФП кои беа со него, пренесе Бета.

Нападот се случил околу 16:30 часот по локално време во околината на Часов Јар, украински град во близина на Бахмут кој секојдневно е цел на руските сили.

Арман Солден (32) бил со уште четворица колеги кои не се повредени. Тие биле со украинските војници кога биле погодени од ракетен напад.

- Целата агенција е скршена, изјави Фабрис Фрис, генерален директор на АФП.

- Неговата смрт е ужасен потсетник за ризиците и опасностите со кои секојдневно се соочуваат новинарите додека известуваат за конфликтот во Украина, додаде тој. јт/

Фото: Твитер скриншот

Остани поврзан