Дарманин: Франција нема да прифаќа мигранти од Лампедуза
- -Не, Франција нема да го стори тоа. Франција сака да и помогне на Италија да ги контролира своите граници за да го спречи доаѓањето на луѓе, рече Дарманин во интервју за радиото „Европа 1“ пред неговата посета на Рим. „Би било погрешна проценка да се мисли, бидејќи мигрантите пристигнуваат во Европа, дека тие мора веднаш да бидат дистрибуирани низ Европа и Франција, што веќе прави доволно“, додаде тој.
Париз, 18 септември 2023 (МИА) - Франција нема да ги прифати барателите на азил кои во последните денови пристигнаа на италијанскиот остров Лампедуза, изјави денеска францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин, кој вечерва треба да пристигне во посета на Рим.
-Не, Франција нема да го стори тоа. Франција сака да и помогне на Италија да ги контролира своите граници за да го спречи доаѓањето на луѓе, рече Дарманин во интервју за радиото „Европа 1“ пред неговата посета на Рим.
„Би било погрешна проценка да се мисли, бидејќи мигрантите пристигнуваат во Европа, дека тие мора веднаш да бидат дистрибуирани низ Европа и Франција, што веќе прави доволно“, додаде тој.
Дарминин кажа дека патува во Рим на барање на претседателот Емануел Макрон за да разговара за европската соработка во врска со пристигнувањето на мигрантите во Лампедуза.
-Она што сакаме да им го кажеме на нашите италијански пријатели, со кои верувам дека целосно се согласуваат, е дека мораме да ги заштитиме надворешните граници на ЕУ и, пред сè, веднаш да ги проучуваме барањата за азил, рече Дарманин.
„Ако не ги исполнат условите, луѓето треба да бидат вратени назад во нивната земја“, додаде тој.
При посетата на Рим францускиот министер ќе се сретне со италијанскиот колега Матео Пјантедоси.
Италијанската влада се соочува со прилив на мигранти, а денеска се очекува да воведе мерки за продолжување на притворот на мигрантите и да обезбеди враќање на повеќето луѓе кои немаат право на престој, соопштија официјални лица, пренесуваат британските меидуми.
Владата одлучи да го продолжи притворот на мигрантите кои чекаат да се вратат во нивната матична земја на најмногу 18 месеци наместо три, соопштија официјални лица.
Министрите ќе одобрат изградба на повеќе центри за притвор во изолираните области.
Според владините податоци годинава во Италија пристигнале повеќе од 127.000 мигранти, што е речиси двојно повеќе од истиот период во 2022 година. сд/
фото:архива МИА