• четврток, 19 декември 2024

Франција: Едностраните акции на Приштина придонесуваат за ескалација на тензиите, загрозувајќи ги преговорите

Франција: Едностраните акции на Приштина придонесуваат за ескалација на тензиите, загрозувајќи ги преговорите

Париз, 22 мај 2024 (МИА) - Француското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека е преземена нова еднострана акција oд косовската полиција, со која се затворени канцеларии на Поштанска Штедилница, и со неа се придонесува за ескалација на тензиите и ги загрозува тековните преговори со цел да се најде решение поврзано со Уредбата на ЦБ на Косово.

-Франција е загрижена поради неодамнешните операции на косовската полиција на северот на Република Косово и ја повикува Приштина да се воздржи од какви било нови еднострани дејствија, објави Министерството за Европа и надворешни работи на својата веб-страница.

Како што се наведува во соопштението „тие нови еднострани дејствија придонесуваат за ескалација на тензиите и ги доведуваат во опасност тековните преговори, под покровителство на ЕУ, чија цел е да се најде привремено решение за лицата засегнати од спроведувањето на регулативата“ на централната банка. мс/

Остани поврзан