• понеделник, 23 декември 2024

Фракцијата на ДУИ славеше партиска годишнина во Тетово

Фракцијата на ДУИ славеше партиска годишнина во Тетово

Тетово, 5 јуни 2023 (МИА) - Одбележуваме 21 година од формирањето на нашата партија. И ние како фракција уште еднаш ги истакнуваме нашите вредности, врз кои се формира нашата партија. Ги истакнавме уште еднаш нашите барања и нашите незадоволствата што ги имаме внатре во партијата, изјави Саранда Имери, претставничка на фракцијата на ДУИ, на денешната прослава во Тетово по повод 21-годишнината од формирањето на ДУИ.

- Ние сметаме дека изборите во сите ограноци што сега ќе се одржат, во сите ограноци не се легитимни и можеме да конститираме на овој начин, еден член еден глас, се нелегитимни и антистатутарни. Ние пак го креваме гласот дека време е одредницата 20 отсто за албанскиот јазик да се промени во Уставот затоа што не сакаме уште еднаш Уставот да се отвори и да се отворат вакви прашања. Јас сум денеска кај што треба да бидам со основачите на нашата партија и ќе продолжам да бидам дел од фракцијата и да ги истакнуваме уште повеќе нашите барања, изјави Саранда Имери, претставничка на фракцијата на ДУИ, на свеченоста што се одржа на отворено во пред Центарот за култура во Тетово.

На новинарско прашања дали ќе се формира нови политичко движење за реформи во ДУИ, Имери одговори дека ја продолжуваат борбата внатре во партијата со демократски методи. ас/цр

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан