• понеделник, 23 декември 2024

Фотоволтаични панели за струја се поставуваат на кровот на ОУ „Никола Карев“ во Кочани

Фотоволтаични панели за струја се поставуваат на кровот на ОУ „Никола Карев“ во Кочани

Кочани, 23 мај 2024 (МИА) – Во ОУ „Никола Карев“ во Кочани во тек се градежни работи за поставување фотоволтаични панели, со што ќе се обезбеди поголема енергетска независност и намалување на трошоците за електрична енергија.

Панелите се со моќност од 40 киловати и се инсталираат на кровната конструкција, во согласност со договорот што беше потпишан минатиот месец како дел од проектот „Инсталација на фотоволтаични системи на јавни објекти во Источниот плански регион“.

-Вкупната вредност на инвестицијата е околу два милиона денари, а предвидено е да се постават фотоволтаични панели на целиот кров, односно на површина од околу 800 квадратни метри. Очекуваме градежнбите работи да завршат за два дена, а во текот на идната недела да се реализира приклучувањето на постојната електрична инсталација во училиштето. Со тоа значително ќе ги намалиме трошоците за струја и воопшто во работењето, со оглед што за затоплување на училниците и другите просториии се користи геотермална енергија, истакна Александар Андов, директор на ОУ „Никола Карев“.

Освен во основното училиште „Никола Карев“, со регионалниот проект фотоволтаични системи од 210 и 27,5 киловати беа поставени и на Фабриката за вода и на СОУ „Гошо Викентиев“ во Кочани.

Вкупната вредност на проектот, во кој покрај Кочани се вклучени и општините Штип, Карбинци, Виница и Македонска Каменица, изнесува 13,7 милиони денари обезбедени преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2023 година. та/вг/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан