Форумот на жени на Движењето БЕСА, организираше трибина по повод 16 дена активизам против насилството врз жените
- СООПШТЕНИЕ - Панелистите покажаа бројни случаи на насилство врз жените во нашата земја, било да е тоа физичко, емоционално, психичко и економско насилство и дека тоа не е само приватно прашање, туку и социјален проблем кој не засега сите нас.
Скопје, 9 декември 2024
Форумот на жени на Движењето БЕСА, денеска организираше трибина во рамки на 16-те дена активизам против насилството врз жените. Панелистите покажаа бројни случаи на насилство врз жените во нашата земја, било да е тоа физичко, емоционално, психичко и економско насилство и дека тоа не е само приватно прашање, туку и социјален проблем кој не засега сите нас.
На оваа трибина беше договорено секоја мала акција да донесе промени, затоа не треба да молчиме, треба да го кренеме гласот, свеста и поддршката за иницијативите кои водат кон елиминирање на насилството врз жените и девојчињата и дека заедно можеме да изградиме општество без насилство!
Движење БЕСА
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.