• понеделник, 23 декември 2024

Форбс: Епл и понатаму највреден светски бренд

Форбс: Епл и понатаму највреден светски бренд
Вашингтон, 29 јули 2020 (МИА) - Вредноста на брендот Нетфликс за една година се зголеми за 72 проценти и изнесува 26,7 милијарди долари, според најновата листа на Форбс највредни светски брендови, додека на прво место, како и минатата година се наоѓа Епл, чија вредност се проценува на 241,2 милијарди долари. Гугл е на второ место со вредност од 207,5 милијарди долари, а меѓу првите пет се и Мајкрософт (162,9 милијарди долари), Амазон (135,4 милијарди долари) и Фејсбук (70,3 милијарди долари). На листата помеѓу првите десет се наоѓа и Кока-Кола, Дизни, Самсунг, Луј Витон и МекДоналдс. Минатата година меѓу првите десет беше и Тојота, но компанијата годинава загуби седум проценти од вредноста и сега е на 11. место. Додека Фејсбук и Самсунг годинава изгубија 21 односно пет отсто од вредноста. Значителен раст на вредноста на брендот остварија Шанел (42 проценти), Амазон (40), Мајкрософт (30) и ПајПел (24 отсто). Вкупната вредност на 100 најскапи марки е 2,54 билиони долари. Повеќе од 50 се американски компании, 10 се од Германија, девет од Франција, од Јапонија – шест и од Швајцарија - пет. ми/

Остани поврзан