• вторник, 05 ноември 2024

Фон дер Лајен пречекана од Ковачевски пред Владата со највисоки државни почести

Фон дер Лајен пречекана од Ковачевски пред Владата со највисоки државни почести

Скопје, 30 октомври 2023 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски со највисоки државни почести ја пречека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која е во официјалната посета на државава.

Веднаш по церемонијата Ковачевски и Фон дер Лајен се упатија на тет-а-тет средба во Владата, по која ќе следува билатерална средба на двете делегации.

Во составот на македонската делегација се бидат и првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерот за транспот и врски Благој Бочварски, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и министерот за информатичко општество Азир Алиу. 

По средбите Ковачевски и Фон дер Лајен ќе одржат прес-конференција по која ќе посетат фабрика за преработка на овошје и зеленчук во близина на Скопје, корисник на средства од ИПАРД програмата финансирана од ЕУ.

Претседателката на Европската комисија вчера попладне допатува во Скопје, а на Меѓународниот аеродром беше пречекана од вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, по што имаше средба во вила Водно со претседателот Стево Пендаровски.

Според соопштението од претседателскиот Кабинет, Пендаровски и Фон дер Лајен разговарале за процесот на пристапните преговори на земјава за членство во Европската Унија, за актуелните политички случувања во Северна Македонија и за тековните состојби во регионот, и во таа насока биле разменети информации за натамошните фази во преговорите по завршување на скриниг прoцесот и за динамиката на спроведување на реформите. нд/са/

Фото: Влада

Остани поврзан