• недела, 12 мај 2024

Фонсека: Видовме колку повреди имаа Реал Мадрид и Ливерпул, календарот не е хуман

Фонсека: Видовме колку повреди имаа Реал Мадрид и Ливерпул, календарот не е хуман
Рим, 6 март 2021 (МИА) – Тренерот на Рома, Пауло Фонсека, зборуваше за густиот натпреварувачки календар со кои се соочуваат екипите кои учествуваат во евро-куповите. - Многу тренери сметаат дека има премногу натпревари. Видовме колку повреди има во екипи како Реал Мадрид и Ливерпул. Прво, треба да го намалиме бројот на меѓународни натпревари. Таков број на игри е ненормален, нехуман кон играчите, изјави Фонсека. Тој е еден од многуте фудбалски стручњаци кои јавно побараа намалување на бројот на натпревари. Претходно, критики за густиот распоред на натпревари стигнуваа и од Премиер лигата, како и од шпанската Ла Лига. зс/

Остани поврзан