• вторник, 02 јули 2024

Флик официјално нов тренер на Барселона

Флик официјално нов тренер на Барселона

 

Барселона, 29 мај 2024 (МИА) – Поранешниот германски фудбалски селектор Ханси Флик е назначен денеска за нов тренер на Барселона, објави каталонскиот гигант.

Флик доаѓа на местото на Чави, кој беше отпуштен по сезоната во која не успеа да освои трофеј со каталонскиот тим.

Флик потпиша двегодишен договор со Барселона.

Германецот беше без ангажман откако беше отпуштен на чело на германската репрезентација во септември 2023 година.

Во соопштението, Барселона наведе дека „избрала човек добро познат по високиот пресинг на неговите тимови, интензивниот и смел стил на игра што му донесе голем успех на клупско и на меѓународно ниво, освојувајќи речиси сè што може да се освои во светот на фудбал“.

Барселона ги истакна достигнувањата на 59-годишниот Германец во сезоната 2019-20 на чело на Баерн, со кој освои шест трофеи – Бундеслигата, Купот на Германија, Лигата на шампионите, Суперкупот на Германија, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан