• четврток, 19 декември 2024

Флик: Ако Тијаго сака да се обиде во Англија, тогаш ќе го разберам

Флик: Ако Тијаго сака да се обиде во Англија, тогаш ќе го разберам
Минхен, 7 август 2020 (МИА) – Тренерот на Баерн Минхен, Ханс-Дитер Флик, смета дека играчот од средниот ред на тимот, Тијаго Алкантара, може да се пресели во еден од клубовите во Премиер лигата. - Можам да разберам кога некој играч е загрижен за нешто. Тијаго играше за Барселона, сега е фудбалер на Баерн. Можам да разберам дали тој сака да се обиде во Премиер лигата. Точно, ќе биде штета ако Тијаго замине, затоа што тој не е последната фигура во тимот. Како тренер, би сакал да го задржам во Баерн уште неколку години, но таков е животот, изјави Флик. Во сезоната 2019/20, Тијаго одигра 36 натпревари за Баерн, постигна три гола и две асистенции. Порталот Transfermarkt.com ја проценува цената на 29-годишниот Шпанец на 48 милиони евра. зс/

Остани поврзан