• петок, 22 ноември 2024

ФК Тетекс ќе има нова управа по преземањето од раководството на ФК и ЖФК Љуботен

ФК Тетекс ќе има нова управа по преземањето од раководството на ФК и ЖФК Љуботен
Тетово, 22 октомври 2022 (МИА) - Раководството на ФК и ЖФК Љуботен го превзема под своја капа и ФК Тетекс, информираа од клубот. Ќе биде составен нов Управен одбор за ФК Тетекс во кој покрај претставниците на ФК и ЖФК Љуботен ќе членуваат и претставници на навивачката група Војводи. Целта е стабилизација на тетовскиот фудбалски второлигаш кој се соочува и со финансиски проблеми. - На ФК Тетекс по турбулентниот период му е време за стабилизација, и враќање на старите победнички патеки. Заедно со навивачката група „Војводи“ решивме на задоволство на сите, клубот постепено да се врати таму каде што заслужува. Се надеваме дека успешната приказна на ЖФК Љуботен ќе ја продолжиме и во ФК Тетекс, и во клубот ќе го вратиме стариот сјај. За крај на сите искрени вљубеници во ФК Тетекс им порачуваме дека ФК Тетекс опстојува и ќе опстојува, а ние сме застанати на чело, најчесно да го стабилизираме и вратиме на старите патеки. Цело Тетово едно фудбалско семејство, информираа од ФК Љуботен. Поради финансиската нестабилност на ФК Тетекс навивачката група Војводи упати апел до граѓаните со купување на повеќе билети за следење на фудбалските натпревари да му помогнат клубот од згаснување. За непречено да функционира клубот започната е кампања и повици од повеќе поранешни фудбалери за купување на што е можно повеќе билети со цел да се соберат средства за опстојување на ФК Тетекс. ас/зс/

Остани поврзан