• петок, 05 декември 2025

Фицо: Нема причина за предвремени избори, усвојувањето на буџетот е приоритет

Фицо: Нема причина за предвремени избори, усвојувањето на буџетот е приоритет

Братислава, 11 октомври 2025 (МИА) – Словачкиот премиер и лидер на партијата Смер-СД, Роберт Фицо, денеска на конгресот на својата партија во Братислава изјави дека не гледа причина за одржување предвремени парламентарни избори, како и дека усвојувањето на државниот буџет за наредната година е еден од клучните предуслови за политичка стабилност.

Тој истакна дека тоа е порака што треба да ја прифати и партискиот конгрес, додавајќи дека целта на партијата е да победи на изборите во 2027 година и оти таа претставува најстабилната компонента на владината коалиција.

Фицо исто така го поддржа поместувањето на локалните и регионалните избори на 2027 година и повика локалните самоуправи да го поддржат тој предлог, истакнувајќи дека тоа би било најдобро за целата земја. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан