Фицо: Некои земји-членки на ЕУ и на НАТО размислуваат да испратат војници во Украина
- Словачкиот премиер Роберт Фицо по денешната владина седница изјави дека некои земји-членки на ЕУ и на НАТО размислуваат да испратат војници во Украина на билатерална основа
Братислава, 26 февруари 2024 (МИА) – Словачкиот премиер Роберт Фицо по денешната владина седница изјави дека некои земји-членки на ЕУ и на НАТО размислуваат да испратат војници во Украина на билатерална основа.
Тој не наведе никаков извор за своите изјави, нагласувајќи дека не е овластен да навлегува во детали.
Изјавата на Фицо е пред состанокот на лидерите на ЕУ во Париз, организиран од францускиот претседател Емануел Макрон, чија цел е зајакнување на западната поддршка за Украина.
Фицо го опиша собирот како „борбен состанок“.
Словачкиот премиер откако беше избран минатиот октомври, низа забелешки кои ги влошија врските меѓу Словачка и соседна Украина. ми/
фото: ЕПА