• среда, 27 ноември 2024

„Фитилот догорува“ ново книжевно дело на битолчанецот Зоран Пејковски

„Фитилот догорува“ ново книжевно дело на битолчанецот Зоран Пејковски

Битола, 16 октомври 2023 (МИА) - „Фитилот догорува“, драма во стих во 6 сцени со пролог и епилог е ново книжевно дело на Зоран Пејковски, посветено на 130-годишнината од формирањето на ВМРО, 120-годишнината од Смилевскиот конгрес и 120-годишнината од Илинденското востание.

Станува збор за текст со специфичен драмски заплет во кој преку различни сцени авторот отсликува различните периоди, но и моменти од македонската историја.

Читателите меѓудругото може да прочитаат за средбата на Гоце Делчев и Даме Груев пред Смилевскиот конгрес, но и состојбите на Горскиот штаб на Крушевската востаничка околија.

Рецензенти на драмското дело „Фитилот догорува“ се Митрополит преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски, г. Петар и писателот Владимир Илиевски.

Издавач е издавачката куќа ПНВ-Публикации од Скопје. мт/дма/

Фото: Корица „Фитилот догорува“

Остани поврзан