Финска и САД постигнаа договор за воена соработка
- Финска ќе потпише договор за соработка на воено поле со САД со што ќе се овозможи пристигнување на американски војници и воен материјал за помош во одбраната на оваа нордиска земја, соопштија од Владата во Хелсинки.
Хелсинки, 15 декември 2023 (МИА) - Финска ќе потпише договор за соработка на воено поле со САД со што ќе се овозможи пристигнување на американски војници и воен материјал за помош во одбраната на оваа нордиска земја, соопштија од Владата во Хелсинки.
Нордискиот сосед на Русија, Финска, стана најновата членка на НАТО оваа година, како одговор на руската инвазија на Украина, започната на крајот на февруари 2022 година.
Договорот со САД, што ќе биде потпишан в понеделник, има за цел да овозможи брз воен пристап и помош за Финска во случај на конфликт, изјавија официјални лица.
„Фактот дека нема да има потреба да се договориме за се посебно го олеснува организирањето на мировните операции, но пред се може да биде од витално значење во кризите“, рече Елина Валтонен, финска министерка за надворешни работи.
Договорот наведува 15 објекти и области во Финска до кои американската војска ќе има неограничен пристап и каде што исто така може да складира воена опрема и муниција. паг/
Фото: Скриншот