• недела, 22 декември 2024

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против едно физичко и едно правно лице за даночно затајување

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против едно физичко и едно правно лице за даночно затајување

Скопје, 11 мај 2023 (МИА) - Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Гостивар поднела кривична пријава против едно физичко и едно правно лице поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело даночно затајување од член 279 ст.2 и ст.3 од Кривичниот законик.

Првопријавеното физичко лице во својство на сопственик и управител на вторoпријавениот правен субјект Расим Транс ДООЕЛ Гостивар, како што соопштија денеска од Финансиска полиција, со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе и за пријавениот правен субјект во периодот од 2020-2022 година, во име на пријавениот правен субјект издал фактури по основ на кои остварил приходи во вкупен износ од 40.195.194 денари, кои приходи не ги пријавил и не ги прикажал во задолжителени даночени биланси и ДДВ пријави.

- Дополнително, првопријавеното физичко лице во периодот од 2017-2019 година присвоил парични средства подигнати од банкарската сметка на пријавениот правен субјект на име материјални трошоци во вкупен износ од 30.199.795 денари, за кои во сметководствената евиденција на пријавениот правен субјект како доказ за нивната економска оправданост доставил фискални сметки за набавка на гориво издадени од страна на бензиски пумпи, кое гориво не е употребено за стопанските цели на пријавениот правен субјект, и истите како даночно непризнати расходи не ги внел во задолжителните даночни биланси, а врз основа на дел од нив ја намалил обврската за ДДВ на пријавениот правен субјкет, и на тој начин пријавените предизвикале штета на Буџетот на Република Северна Македонија во вкупен износ од 16.754.054 денари по основ на ДДВ, Данок на добивка и Данок на личен доход, појаснуваат во соопштението од Управата за финансиска полиција. цр/нд/

Фото:МИА

 

 

 

 

Остани поврзан