• сабота, 23 ноември 2024

Филков - Силвестри: Италија останува наш партнер и силен поддржувач во евроинтеграцискиот процес

Филков - Силвестри: Италија останува наш партнер и силен поддржувач во евроинтеграцискиот процес

Скопје, 18 јули 2024 (МИА) - Италија останува наш партнер и силен поддржувач во евроинтеграцискиот процес, констатирале на работниот состанок министерот за правда Игор Филков со италијанскиот амбасадор во земјава, Андреа Силвестри, соопшти Министерството за правда.

На средбата амбасадорот Силвестри му посакал успешна работа во извршувањето на функцијата на министерот за правда, Филков, при што било разговарано за унапредувањето на досегашната успешна соработка помеѓу двете земји, како и за можностите за размена на искуства.

-Особено е значајна билатералната соработка меѓу италијанската Агенција за борба против корупцијата и ДКСК, како и поддршката во областа на правото, се наведува во соопштението.

Министерот Филков, како што посочуваат од Министерството за правда, ги реафирмирал придобивките од одличните и пријателски односи меѓу двете држави кои ќе се интезивираат во периодот кој следи. дма/ац/

Фото: Министерство за правда

Остани поврзан