• петок, 22 ноември 2024

Филков - Пандов: Итни реформи за подобрување на условите во затворите

Филков - Пандов: Итни реформи за подобрување на условите во затворите

Скопје, 15 јули 2024 (МИА) - Состојбите и условите во казнено - поправните установи, како и преземање на активности за подобрување на состојбите, спречување на корупцијата, насилството и соодветен третман на осудените лица, биле теми на разговор на денешната средба на министерот за правда Игор Филков со в.д директорот на Управата за извршување на санкциите (УИС), Александар Пандов.

Како што соопшти Министерството за правда, на средбата договорено е во наредниот период да се интензивира реализацијата на Проектот за „Реконструкција на казнено-поправните установи“ кој се спроведува со кредит од Банката за развој на Светот на Европа.

-Успешната реализација на Проектот претставува само една од основите за подобрување на целокупната состојба со условите во затворите, постапувањето со притворените и осудените лица како и постигнување на ресоцијализација на лицата кои издржувале казна затвор, информираат од Министерството за правда. дма/нд/

Фото: Министерство за правда

Остани поврзан