• сабота, 23 ноември 2024

Филков- Оцука: Довербата во правосудството е основа за зајакнување на бизнис односите меѓу двете држави

Филков- Оцука: Довербата во правосудството е основа за зајакнување на бизнис односите меѓу двете држави

Скопје, 16 септември 2024 (МИА) - Министерот за правда Игор Филков денеска остварил средба со амбасадорот на Јапонија, Казуја Оцука, на која се дискутирало за реформите во правосудството, состојбите во Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, владеењето на правото и борбата против корупцијата.

- На Министерството за правда му претстојат многу предизвици чија крајна цел е зголемување на довербата на граѓаните во правосудството. Таа  доверба е основа за зајакнување на бизнис односите меѓу двете земји, се наведува во соопштението од Министерството за правда.

Како што стои во соопштението од амбасадорот Оцука биле посочени и идентификувани состојбите во правосудниот систем, за кои со министерот се согласиле дека се потребни брзи и итни реформи.

- Беше разговарано за конкретни насоки како да се постави правосудството на независна основа. Оваа година се навршуваат 30 години од билатералната соработка на нашата држава со Јапонија. Предвидено е во наредниот период таа да се продлабочи како и да се разменат искуства од областа на правото, соопштија од Министерството за правда. цр/нд/

Фото: Министерство за правда

Остани поврзан