Филков-Џанел: Холандија ги поддржува реформите во правосудството
- Филков и Џанел, како што соопшти Министерството за правда, разговарале за можностите за продлабочување на соработката, за меѓусебната поддршка во клучните процеси, како и за активностите кои ќе ги преземе Министерството за правда во наредниот период, а се однесуваат на реформи во правосудството со цел да се зголеми довербата на граѓаните и да се изгради поцврст правен систем.
Скопје, 24 септември 2024 (МИА) - Министерот за правда Игор Филков денеска остварил средба со амбасадорката на Кралството Холандија во нашата земја Узлем Џанел.
Филков и Џанел, како што соопшти Министерството за правда, разговарале за можностите за продлабочување на соработката, за меѓусебната поддршка во клучните процеси, како и за активностите кои ќе ги преземе Министерството за правда во наредниот период, а се однесуваат на реформи во правосудството со цел да се зголеми довербата на граѓаните и да се изгради поцврст правен систем.
Министерот Филков и се заблагодарил на амбасадорката за нивната посветеност за европската реформска агенда како и помошта која е дадена преку проектите кои се финансирани од Холандија, а се однесуваат на квалитетот и отчетноста на македонскиот правосуден систем, зајакнување на отчетноста, ефикасноста и транспрентноста на Судскиот совет, поддршка на Академијата на судии и јавни обвинители, владеење на правото.
Амбасадорката Џанел му посакала на министерот Филков успех во извршувањето на функцијата министер и порачала дека Холандија и во иднина ќе реализира проекти во областа на правосудството давајќи поддршка на затворскиот систем, како и поголема примена на пробацијата во нашата земја. дма/са/
Фото: Министерство за правда