• понеделник, 23 декември 2024

Филипче: Со стратешкиот договор со „Торлак“ обезбедуваме сигурен извор на вакцини во иднина

Филипче: Со стратешкиот договор со „Торлак“ обезбедуваме сигурен извор на вакцини во иднина
Белград, 20 април 2021 (МИА) - Многу е веројатно дека вакцината против КОВИД-19 ќе стане сезонска, а имајќи го предвид досегашното искуство и проблемите, во периодот што следи, српскиот Институт за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“, ќе биде наш стратешки партнер за набавка на вакцини. најави министерот за здравство Венко Филипче на заедничка прес-конфернеција со српскиот колега Златибор Лончар. На прашање од МИА, за какво стратешко партнерство станува збор, Филипче појасни, дека било разговарано за капацитетите кои ги има институтот „Торлак“ за производство на месечно ниво, откако ќе започне со производство, како и за проценките за потребите на Србија и земјите од соседството. - Сметам дека производствениот капацитет ќе биде сосема доволен, за првиот следен момент кога ќе бидат потребни вакцини, да ги обезбедиме од институтот „Торлак“. На тој начин, согласно тоа како ќе се одвива пандемијата и препораките за вакцинација и дали евентуално ќе треба и трета доза или можеби оваа вакцина ќе стане сезонска, да обезбедиме еден стабилен и сигурен извор од каде можеме да добиеме вакцина, изјави Филипче. Во однос на тоа дали ваквиот стратешки договор, ќе ги наруши односите со другите производители, Филипче рече дека во овој момент веќе имаме нарачано доволна количина вакцини од повеќе производители, кои се доволни за да се постигне саканиот процент на имунизација на населението. - Тоа значи дека за секој следен чекор или секоја следна набавка, која треба да ја направиме, прво место на кое ќе се обратиме, а согласно капацитетите за производство, нашите потреби целосно ќе бидат задоволени, ќе биде институтот „Торлак“. аа/ац/

Остани поврзан