• петок, 22 ноември 2024

Филипините повикаа на разговор дипломат од Кинеската амбасада во Манила по инцидент во Јужното Кинеско Море

Филипините повикаа на разговор дипломат од Кинеската амбасада во Манила по инцидент во Јужното Кинеско Море

Манила, 25 март 2024 (МИА) - Филипините соопштија дека во Министерството за надворешни работи повикале дипломат од Кинеската амбасада во Манила по „воинствените дејствија“ на кинеската крајбрежна стража и кинески брод во близина на гребен во Јужното Кинеско Море.

Манила го изрази својот „силен протест против агресивните дејствија преземени во саботата од страна на кинеската крајбрежна стража и поморската полиција“ против филипинскиот брод за снабдување во близина на спорен остров во Јужното Кинеско Море. Според Филипините, кинеските гардисти го блокирале бродот за снабдување и го оштетиле со водени топови, при што биле повредени тројца војници.

Од своја страна, кинеските стражари ги опишаа нивните маневри како „легитимно регулирање, пресретнување и протерување“ на странски брод што „се обиде насилно да влезе“ во кинеските води.

Во последните месеци кинеските бродови веќе користеа водени топови и се судрија со филипинските бродови во близина на островот. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан