• петок, 28 јуни 2024

Физичка пресметка во Неготино меѓу пет лица од Кавадарци, Струмица и од Скопје

Физичка пресметка во Неготино меѓу пет лица од Кавадарци, Струмица и од Скопје
Неготино, 15 септември 2021 (МИА) - Во полицијата вчера е пријавена физичка пресметка во Неготино меѓу пет лица од Кавадарци, Струмица и од Скопје, информираше денеска портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски. - Во Полициската станица Неготино, А.Х.(21) од Струмица пријавил дека околу 16 часот во кругот на приватно претпријатие во Неготино, по кратка расправија, настанала физичка пресметка помеѓу него и Б.А.(38) од Скопје, од една страна и И.В.(20), Ј.В.(22) и Е.В.(30), сите од Кавадарци, од друга страна, појасни Додевски. Тој додаде дека по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава. свд/цр

Остани поврзан