• петок, 22 ноември 2024

ФИДЕ нема да ги откаже Конгресот и Генералното собрание поради поплавите во Будимпешта

ФИДЕ нема да ги откаже Конгресот и Генералното собрание поради поплавите во Будимпешта

Будимпешта, 21 септември 2024 (МИА) - Меѓународната шаховска федерација (ФИДЕ) смета дека поплавите во Будимпешта, кои се очекуваат до крајот на неделата, нема да го нарушат Конгресот и Генералното собрание.

- Локалните власти ни рекоа дека и покрај тешката ситуација, хотелот каде се одвиваат нашите активности не е во опасност, информираа ФИДЕ.

Конгресот на ФИДЕ започна во унгарската престолнина на 17 септември. Генералното собрание, ќе се одржи викендов. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан